Search

Неготинчанец се удавил во Преспанско езеро

Неготинчанецот Ѓ.Д.(72) вчера се удавил во водите на Преспанското езеро. Според полицијата, немилиот настан во ПС Ресен бил пријавен од Здравствен дом- Ресен. Според пријавата, во водите на Преспанското Езеро, кај автокампот Крани, има починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека Ѓ.Д. околу 10.50 часот влегол во водите на Преспанското езеро, по што му се слошило и починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Треба да знаете
Последни објави