Search

Неготинец загина во сообраќајка кај Кадино

Неготинец загина кога автомобилот што се возел излетал од патот , ноќеска на стариот пат Кадино – Миладиновци, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 2 часот кога автомобил „фолксваген пасат“ што го  управувал Т.З.(50) од Неготино излетал од патот пред мостот во село Кадино.

Возачот починал на самото местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) со тешеки повреди и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави