Search

Негативни политички говори за мигрантите се неприфатливи, оценува папата Франциско

Политичките говори во кои се изнесуваат негативни ставови за мигрантите и сиромашните се неприфатливи, изјави денеска папата Франциско.

Во традиционалната порака за мир, папата ги наброја добрите и лошите страни на политиката, издвојувајќи го национализмот како закана за мирот затоа што ја задушува вербата во глобализираниот свет.

Според него, друга закана по мирот е пролиферацијата на оружјето и тероризмот над невините и ранливите, кои под принуда ги напуштаат домовите за да ги сочуваат животите.

– Политичките обраќања кои имаат за цел секое зло да го стават на товар на мигрантите и сиромашните се неприфатливи. Наместо тоа, потребно е мирот да се заснова на почитување на секоја личност, изјави папата Франциско.

Треба да знаете
Последни објави