Search

Невреме во Далмација

Далмација во текот на ноќта ја зафати ново невреме кое предизвика големи количини на дожд и излевања низ улиците.

До полноќ во Сплит паднаа 13, а во Трогир 20 литри дожд на метар квадратен, пренесе порталот „Далмација данас“.

Невреме со грмотевици зафати одредени делови од Далмација каде паѓал град, но не е забележана никаква материјална штета.
Треба да знаете
Последни објави