Search

Невремето „Балос” предизвика проблеми во Грција, делови на Атина под вода

Силниот дожд и новото невреме „Балос” што ја зафати Грција, предизвика проблеми во повеќе делови на земјата, а жителите на Атина, со порака од бројот 112 за итни случаи беа предупредени да избегнуваат непотребни движења, додека неколку централни булевари и дел од училиште беа поплавени.

Социјалните мрежи во Грција, денеска се „преплавени” со видеа од поплавени улици, училишта, но и факултети во Атина.

Учениците од една паралелка од основно училиште во атинска населба, според видеата објавени на социјалните мрежи, беа евакуирани од поплавена барака, откако наставниците со помош на клупите, направиле мост преку кој децата стигнале до централната зграда на училиштето.

Треба да знаете
Последни објави