Search

Невработеноста во Германија на рекордно ниско ниво

Невработеноста во Германија се спушти на најниско ниво од обединувањето на поранешните земји од Источна и Западна Германија во 1990 година, објави германската Федерална агенција за вработување (БА). Бројот на невработени во ноември бил 2,18 милиони луѓе или стапката на невработеност изнесувала 4,8 проценти.

Во ноември, бројот на невработени се намалил за 24.000 лица во однос на претходниот месец, а шест илјади помалку отколку во истиот период лани, покажуваат податоците.

Со регистрирани 736.000 работни места во Бирото за вработување, побарувачката за труд останува голема.

Треба да знаете
Последни објави