Search

Невиден секс скандал ја тресе Босна и Хецеговина

Невиден секс скандал ja тресе Босна и Херцеговина откако беше објавено дека Сабахудин Блажевиќ, богат и моќен бизнисмен од Бихаќ, тајно ги снимал своите партнерки и потоа ги уценувал со снимките.

Станува збор за угледни девојки и жени на возраст од 25 до 30 години кои Сабахудин со измама ги одвлекол во кревет, ветувајќи им профитабилни работни места во замена за секс.

Адвокатот на една од жртвите, Анел Куртовиќ откри детали за случајот. Како што кажал сараевскиот адвокат, неговата клиентка, истакнат правен експерт стара триесетина години, е само капка во океанот на жртвите на Сабахудин.

„Досега до канцеларијата на Обвинителството на Унско-Санскиот Кантон поднесов најмалку 30 снимки. Тоа се минимум петнаесет жени со кои Блажевиќ имал секс и ги снимал без тие да го знаат тоа, изјави Куртовиќ“.

Тој вели дека станува збор за кривично дело неовластено снимање, а постојат индикации дека Блажевиќ продал снимки на порнографски страници, што е пособно кривично дело. Адвокатот додава дека се надева дека Блажевиќ ќе биде уапсен, бидејќи веќе се обидел да влијае на сведоците и да ги скрие доказите за злоделата.
Камерите што ги користел Блажевиќ се разликуваат, така што и квалитетот на снимките е различен. Некои од нив се со исклучително висока резолуција од камери поставени во хотелските соби во мотел во Цазин, мал град во близина на Бихаќ. Од друга страна, камерата користена за време на снимањето на секс во автомобил, е многу “послаба” и веројатно била скриена во џебот од кошулата.

На некои снимки се гледа употреба на нелегални наркотици, открива адвокатот Куртовиќ, без да оди во детали за каков вид на дрога се работи.

„Мојот клиент единствено собра храброст и го пријави, но не и другите жени кои се плашат. Таа не е уценувана, а снимката е објавена откако таа го оставила по двегодишна врска, вели Куртовиќ“.

 

Блажевиќ се обидел да ја прикрие аферата , па му се јавил и на Куртовиќ за да го подмити и натера да се откаже од пријавата. Адвокатот најавува тужба за Обвинителството, бидејчи според него, од таму протекла информацијата за идентитетот на неговата клиентка.

Според дел од медиумите, скандалот бил откриен кога сопруг на една од жените ја видел сопругата  сурфајќи по порнографски сајтови.На снимките наводно не се гледало лицето на Блажевиќ, но имало и други лични карактеристики што неспорно го потврдуваат неговото учество во снимките.

Треба да знаете
Последни објави