Search

Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа, смета вицепремиерот за економски прашања

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска истакна дека како Влада градат концепт на едно општество за сите и оти е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа.

Битиќи денеска на прес-конференцијата со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, на која беа презентирани резултатите и компаниите кои добија поддршка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19, одговори на новинарско прашање во врска со најавите кои ги изнесе првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за можно субвенционирање на вработувања во приватниот сектор по етнички клуч.

– Пристапот и на претходната Влада, и на оваа Влада, е ист. Секој граѓанин е еднаков и добива еднакви можности и еднаков третман. Мислам дека е неблагодарно да целиме јавните пари да се делат по етничка основа. Дали навистина за едно болно дете ќе треба да прашаме дали тоа дете е Албанец, Турчин или Македонец и така да ги даваме парите. Мислам дека во едно правично општество, тоа треба да го заборавиме. Единствен пристап треба да биде јавните средства да стигнуваат таму каде што е потребно, потенцира Битиќи.

Додаде дека нема првични проценки колку пари би биле потребни за реализација на етничката застапеност во приватните фирми.

Треба да знаете
Последни објави