Search

НВО и Владата ќе соработуваат за изготвување на Стратегијата за транспаретност

Невладини организации потпишаа меморандум за соработка со Владата со кој се обезбедува поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспаретност.
Меморандумот е потпишан од страна на фондацијата Отворено општество –Македонија и фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис”, а од страна на Владата од министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

Меморандумот предвидува поддршка за изработка на експертска анализа и формирање работна група од институциите и граѓанското општество со цел да се креира што посеопфатна Стратегија за транспарентност во која се вклучени сите релевантни страни.

Стратегијата, како што наведуваат од фондацијата Отворено општество-Македонија, преку јавни дискусии ќе биде споделена за консултација со граѓанското општество, приватниот сектор и научно-образовните институции.

– Со креирањето на овој стратешки документ, правилата на комуникација на институциите со граѓаните и начелата на транспарентност ќе бидат операционализирани, велат од фондацијата Отворено општество-Македонија.

За нив, градењето на динамични и толерантни општества во кои властите се отчетни, а граѓаните активно ја контролираат и коригираат работата на власта и учествуваат во донесувањето одлуки, е императив.

Треба да знаете
Последни објави