Search

НБРМ: Вкупните депозити се непроменети, продолжува растот на кредитирањето

 Во април: Вкупните депозити се непроменети во споредба со март. Годишната стапка на раст изнесува 6,3%, при поголем раст на депозитите на домаќинствата.

Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа. Годишниот раст на вкупните кредити од 5,5% се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 6,9% на годишно ниво. Меѓу другото:

 Депозити:  На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства” се зголемени за 6,5% и 7,8%, соодветно.

 Кредити: На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 2%. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор изнесува 4%.

 Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4%. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,2%.

Треба да знаете
Последни објави