Search

НБА: Џејмс Харден и Рокетс обезбедија пласман во плејофот

Иако никој не се сомневаше дека тимот на Хјустон Рокетс ќе обезбеди настап во плејофот оваа година, сепак мораше да чекаме до синоќа за кошаркарите од овој тим да го заверат пласманот во пост-сезоната.

 

Хјустон Рокетс забележа значајна гостинска победа против Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 113:90.

Доколку останат здрави, играчите на Хјустон Рокетс се подготвени да му направат проблеми на било кој тим во плејофот. Синоќа тие уште еднаш докажаа дека тимската игра носи резултати, во натпревар во кој двоцифрен број поени постигнаа шест играчи, а најефикасен беше Џејмс Харден со 28 поени.

Рестрикцијата во минутажата на Ентони Дејвис по несогласувањата со раководството не му донесоа ништо добро на тимот – Пеликанс ниту се борат за плејофот, ниту пак имаат значителна шанса за некое од највисоките места на драфтот. Најдобар поединец кај домаќините синоќа беше рукито Френк Џексон, кој забележа 19 поени и 6 асистенции во поразот од Рокетс.

Останати резултати:

Њујорк Никс – Лос Анџелес Клиперс 113:124

Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 127:105

Индијана Пејсерс – Денвер Нагетс 124:88

Торонто Репторс – Шарлот Хорнетс 114:115

Бостон Селтикс – Сан Антонио Спарс 96:115

Голден Стејт Вориорс – Детроит Пистонс 121:114

Лос Анџелес Лејкерс – Сакраменто Кингс 111:106

Треба да знаете
Последни објави