Search

НБА Ол Стар викенд: Хилд од Сакраменто победи во шутирање тројки

Бади Хилд од екипата на Сакраменто победи во натпреварот во шутирање тројки во рамки на НБА Ол стар викендот во Чикаго. Во финалето, тој имаше помирна рака од Девин Букер и Давис Бертранс.
Хилд и Букер имаа по 27 погодени тројки, па минаа на финална серија удари во која играчот на кингси беше попрецизен за една топка (27:26).
– Го слушнав спикерот кога рече дека имам 25 прецизни шута. Знаев дека Девин погоди 26 и бев свесен дека мора да го престигнам, макар за една погодена тројка. Ја задржав концентрацијата, се насочив во намерата и успеав, рече Хилд кој победата ја посвети на неговите сонародници од Бахамите кои лани беа погодени од силниот ураган „Доријан”. 
Треба да знаете
Последни објави