Search

НБА: Новицки и Вејд ставија крај на кариерите, Детроит обезбеди плејоф

Последната вечер од регуларната сезона во НБА лигата донесе многу возбудувања и емоции – за некои радост, за некои тага. Сега е познат и последниот учесник во плејофот, а две кошаркарски легенди ги завршија кариерите со победи пред домашната публика.

 

Дирк Новицки и Двејн Вејд ги одиграа последните натпревари во кариерата и двајцата имаа одлични индивидуални настапи пред домашните навивачи.

Мајами Хит го совлада тимот на Филаделфија Севентисиксерс со резултат 122:99, а Двејн Вејд постигна 30 поени во неговиот последен натпревар во НБА. Тој стави крај на фантастичната кариера во која освои 3 титули, еднаш беше МВП на финалето и остави наследство како еден од најдобрите бекови во историјата на кошарката.

На другиот крај од САД, публиката во Тексас се збогуваше со Дирк Новицки. Веројатно најдобриот европски кошаркар кој го видела НБА лигата синоќа постигна 30 поени во победата од 120:109 над Феникс Санс. Неговиот помлад колега Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл со 21 поен, 16 скока и 11 асистенции.Последното место во плејофот на Источната конференција му припадна на тимот на Детроит Пистонс, кој синоќа чекаше победа и го доби токму тоа. Поразен беше тимот на Мемфис Гризлис со резултат 100:93, а Пистонс во плејофот ги очекува разиграниот состав на Милвоки Бакс.

Останати резултати:

Кливленд Кавалирс – Шарлот Хорнетс 97:124

Вашингтон Визардс – Бостон Селтикс 110:116

Чикаго Булс – Њујорк Никс 86:96

Њу Орлеанс Пеликанс – Голден Стејт Вориорс 103:112

Минесота Тимбервулвс – Торонто Репторс 100:120

Јута Џез – Денвер Нагетс 118:108

Оклахома Сити Тандер – Хјустон Рокетс 112:111

Лос Анџелес Лејкерс – Портланд Трејл Блејзерс 101:104

Треба да знаете
Последни објави