Search

НБА: Милвоки победник во дербито на Источната конференција

Двете најголеми изненадувања од Источната конференција синоќа се сретнаа во Торонто, каде гостинскиот тим обезбеди победа, понесен од играта на Јанис Антетокунмпо. Покрај овој, се одиграа уште три натпревари од програмата на НБА лигата.

Тимот на Милвоки Бакс дојде до многу важна победа над Торонто Репторс, со резултат 104:99.

Јанис Антетокунмпо беше клучна фигура во составот на Бакс, со уште една монструозна партија зад неговото име. Тој постигна 19 поени и фати исто толку скока а одличниот натпревар го заокружи со 6 асистенции. Еднаков број на поени постигна и Брук Лопез, додека Малколм Брогдон имаше еден поен помалку.

На спротивната страна, Кавај Ленард и Серж Ибака се обидоа да го задржат Торонто во игра до самиот крај на натпреварот, но нивните поени не беа доволни за да се израдуваат на победата. Кајл Лаури одигра еден од најлошите натпревари сезонава и вечерта ја заврши без поени, со само 5 скока и 7 асистенции.

Останати резултати:

Детроит Пистонс – Њу Орлеанс Пеликанс

Сан Антонио Спарс – Јута Џез 110:97

Њујорк Никс – Шарлот Хорнетс 107:119

Треба да знаете
Последни објави