Search

НБА лигата се враќа на 30 јули, 16 кошаркари позитивни на Ковид 19

Раководството на НБА-лигата и Здружението на играчи (НБПА) постигнаа договор со кој ќе се овозможи сезоната на 30 јули да продолжи во кампусот „Дизни ворлд“ во близина на Орландо, Флорида.

Многу од деталите се веќе познати, како што се здравствените и безбедносните протоколи за 22 екипи што ќе учествуваат. Исто така е познато дека сите натпревари ќе се играат без гледачи во три различни сали. Во тој комплекс, индивидуалните тренинзи треба да започнат уште на 1 јули, а целите состави би пристигнале на Флорида на 7 јули, бидејќи е предвидено тренинг камповите да започнат на 9 јули и траат до 29 јули. Лигата наскоро ќе го објави распоредот од 88 натпревари, потсетување дека сезоната е во прекин од 11 март откако беше откриено дека центарот на Јута џез, Руди Гобер е позитивен на Ковид-19.

До прекинот на сезонава (2019/2020) во Источната конференција лидер беше Милвоки Бакс (53 победи, 12 порази), а на Западот на врвот беше Лос Анџелес Лејкерс (49-14).

НБА лигата потврди дека 16 кошаркари добиле позитивни резултати од последната фаза тестирања во текот на оваа недела. Најсилната лига на светот започна со задолжително тестирање овој вторник. Тоа ќе биде случајот се до 11 јули, кога се очекува екипите да пристигнат во Орландо. Планот е на Флорида да се прават двојно повеќе тестови, на секои 36 или 48 часа, со цел да се зголеми безбедноста во пресрет на натпреварите.

Треба да знаете
Последни објави