Search

Наjмалку 44 загинати во напад врз центар за мигранти во Триполи (ДПЛ)

Најмалку 44 луѓе загинаа, а 130 се ранети во воздушен удар врз центар за мигранти во либискиот главен град Триполи, соопшти денеска мисијата на ОН во таа земја.

Според претставник на центарот, нападот бил извршен од силите на Халифа Хатар кои од пред три месеци се обидуваат да го заземат Триполи.

Пратеникот на ОН за Либија Гасан саламе го осуди нападот, за кој рече дека „достигнува ниво на воено злосторство”.

По нападот, УНХЦР побара мигрантите, кои се обидуваат да го преминат Медитеранот, повеќе да не се враќаат во Либија.

Во Триполи е базирана меѓународно признатата влада на национално единство на премиерот Фаез Сараџ. Во момент на нападот во центарот имало над 120 мигранти.

Треба да знаете
Последни објави