Search

На 50 војници ќе се тестира руска вакцина против коронавирусот

Министерството за одбрана на Русија избра 50 доброволци од редовите на војската за тестирање на вакцината против коронавирусот, јави новинската агенција „Тасс“.

Министерството соопшти дека 50 војници, меѓу кои и пет жени, биле избрани бидејќи изразиле желба да учествуваат во тестирање за безбедноста и ефикасноста на вакцината против коронавирус.

Во Русија, во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 182 луѓе, така што вкупната бројка на смртни случаи сега изнесува 5.037 лица.

Треба да знаете
Последни објави