Search

На 337 лица им се издадени решенија за изолација, фатени 585 без маски

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  585  прекршоци.

 

Треба да знаете
Последни објави