Search

На црвените теписи во Холивуд им треба мејковер среде пандемија

Може да потрае долго додека да се слушне вообичаеното прашање на црвениот тепих во Холивуд, „и кого ќе носиш вечерва?“

Црвените теписи, извор на енергија на филмските премиери и наградни церемонии, се всушност увертира исполнета со бука на гламурозни актери, фотографи, интервјуа пред влезот во салата, свечени фустани и восклици на воодушевени фанови.

Но, како што Холивуд се справува со пандемијата на коронавирус, црвените теписи од блиската иднина ќе изгледаат многу поинаку – ако воопшто се случат, пишува „Ројтерс“.

Преполни со фотографи, sвезди на таканаречената А-листа, публицисти и фанови кои молат за селфи, црвените теписи се клучен елемент во холивудската рекламна машинерија. Но, ваквите настани кои што се примамливи за гледање, се речиси невозможни во ерата на социјално дистанцирање.

„Сите очајнички сакаат да се вратат во нормална верзија, каде што сме со луѓе лично, рамо до рамо“, рече еден холивудски публицист кој претпочиташе да не биде именуван.

“Мислам дека нормалата нема да се врати во целост додека не откријат некаква вакцина. Којзнае кога луѓето ќе сакаат да се вклучат физички во лични интеракции, а камо ли на патување за да дојдат до тие места,“ вели публицистот, цитиран од „Ројтерс“.

Голем тест ќе има во јули кога се закажани премиерите на трилерот на Кристофер Нолан, „Тенет“ и Дизниевата акција „Мулан“, први премиери откако новиот вирус Ковид-19 ги затвори киносалите низ целиот свет а студиата го одложија прикажувањето на десетици филмови до крајот на 2020 или во 2021 година.

„Ворнер Брос“ и „Дизни“ не објавија планови за рекламирање за двата филма, ниту пак организаторите на телевизиските награди „Еми“, кои треба да се одржат во Лос Анџелес во септември.

Планери на настани во Лос Анџелес, 15/40 Productions, кои што имаат осмислено повеќе од 200 холивудски премиери, се советуваат со неколу студија за планови кои вклучуваат социјално дистанцирање.

„Моравме да преиспитаме како ќе финкционира пост-карантинот држејќи ги луѓето раздвоени“, рече Крег Валдман, претседател на „15/40 Продакшнс“.

Најголемата непознатица е дали ѕвездите од А-листата ќе се појават.

Треба да знаете
Последни објави