Search

На фејсбук се продаваат и „носени“ танга гаѓи

Продажбата на интернет цвета. Ако имате околу 5.000 евра и сакате да отворите бутик или продавница за чевли не ви треба деловен простор. Доволно е само да отворите профил на некоја од социјалните мрежи, да се поврзете со некоја од фирмите за брза пошта и да чекате профитот сам да дојде.

Валентина Ангеловска

Имате малку пари за почеток на бизнис, а немате деловен простор за работа! Не очајувајте. Отворете профил на некоја од социјалните мрежи со атрактивно име, поврзете се со некоја од курирските служби, набавете роба и може да почнете со продажба. Гардероба, чевли, патики, чанти накит и што уште не. Страниците се преполни со понуда. Се нудат фустани од најновите колекции кои наликуваат на производите на познати брендови, крзно, чанти. Понудата обично се ажурира во понеделник бидејќи викендот се набавува роба од Турција или од кинескиот пазар во Солун. Нема да згрешите од кој интернет бутик и да купите, бидејќи понудата се скоро секаде иста. Разликите се само во бојата и евентуално во бројот кој го барате.

Разработена шема

Приказната започнува во петок вечер или сабота наутро кога се оди на шопинг на големо. Ако немате сопствено возило има решение и за тоа. Превозници со комбиња за симболична цена од дваесетина евра ќе ве земат од дома. Не мора да знаете ни каде да кувате. Со вас обавезно ќе има некоја од идните „колешки“ која ја знае шемата во Солун. Само следете ја и нема да згрешите. Таа е доволно упатена во тоа и точно знае што купуваат Македонките. Кинескиот пазар е посебна приказна. Но има еден проблем. Не се купува на парче туку цела серија. Ваше е како ќе најдете некој што носи кинески „XS“, а да не е дете од 10 години. Е сега прашање е како да се пренесе купената роба без царина. И за тоа има лек. Ќе ви помогнат колешките. Откако ќе стигне робата доволно е да ја фотографирате. Секое парче од понудата посебно. Обавезно со цена и број. Оние кои веќе го имаа разработено бизнисот имаат и „манекенки“. Девојчиња за 500 денари дневница може да ви послужат како модели за презентација.

Добро ми оди. Имав бутик, но наемнината беше многу висока во трговскиот центар каде се наоѓаше деловниот простор. Вака е многу подобро, нема давачки. Праќам гардероба и надвор од Скопје по курирските служби. Ризик нема, ако не плати нема да ја добие нарачката- вели Сузана од Скопје.

Втора рака“  

Освен нова роба страниците се преполни и со половна гардероба. За цена од едно до педесет евра,  може да се облечете целосно. Од килоти, мидер и корсет „малку носен“, преку „танга“ и чорапи до зимска јакна од „вујче“ од Австралија. Може да купите дури и бунда која е оставена во наследство, но неможе да се носи поради помал конфекциски број. 

За волја на вистината дел од облеката е и со етикети. Наместо во ѓубре, нештата кои не ги носите може да ви донесат некој денар во паричникот. Но ако немате пари не мора да ја купите. Постои опција за размена . Веќе и вишокот килограми не се проблем. Омилениот фустан за некоја прослава или веселба може да ве собере ако си размените корсет со некоја ваша истомисленичка која на време се ставила на диета и веќе и е голем. Размената се договара индивидулано, а парите се даваат дирекно на рака. Куриска служба не ви е потребна.

Освен гардероба има и козметика, „гланц“ нова купена во странство. Но има и користена. Продавачите велат дека „некои од кармините се малку користени, а ги продаваат поради тоа што имаат премногу. Препорачуваат дека дезинфекција како во козметички студија.

Нелегална трговија

Надлежните велат дека станува збор за нелегална трговија на која тешко и се влегува во трага.

Контролата на ваков тип на трговија е многу тешка. Секако дека не е легална и дека треба да се спречи, но за тоа треба да имате пријава. Македонија не е единствена земја каде се прави оваа трговија. Ја има насекаде во светот и многу тешко може да им се влезе во трага на сопствениците- велат надлежните.

Според една непрофитабилната асоцијација на американски потрошувачи која е специјализирана за  контрола, последниве неколку месеци рапидно е порасната бројката на фалсификувани американски производи од позната марка. Тие дури располагаат со бројка од 60 отсто намирници кои се фалсификувани. Најчесто се фалсификувала храна, но пронајдени се фалсификувани облека и обувки.

Треба да знаете
Последни објави