Search

На улица во Германија се истуриле и замрзнале 15 илјади литри млеко

Илјадници литри млеко истекле, а потоа се замрзнале на улица во германскиот град Ретен, во регионот Вестфалија, откако непозни хулигани ги отвориле вентилите на паркирана цистерна за превоз на млеко, соопшти германската полиција.

Возачот ја паркирал цистерната на паркинг во Ретен со цел следното утро да го собере млеко од селските домаќинства во близина.

Кога се вратил, видел дека 15.000 литри млеко се излеале на улицата, а бидејќи температурата била четири степени под нулата млекото замрзнало, објави агенцијата „Хина“.

Количината била толку голема што ја прекрила целата широчина на улицата и 20 пожарникари и непозната количина сол и вода биле потребни за чистење на истата.

Полицијата трага по хулиганите кои во саботата ги отвориле вентилите.

Само педесет километри понатаму, во градот Верл, пред една недела од локалната фабрика за чоколади на улица се излеаја тони од течниот сладок десерт.

Треба да знаете
Последни објави