Search

На ТОАРИЛУЦ почина една од повредените во експлозијата во Романовце

– На Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) почина 36-годишна жена, која беше една од повредените во експлозијата на плинска боца што се случи пред три дена во кумановското село Романовце, потврди директорот на Клиниката, Илир Хасани.

Таа е петата жртва од експлозијата, откако претходно на самото место на настанот животите ги загубија три деца, а подоцна на здобиените повреди им подлегна уште едно лице.

Треба да знаете
Последни објави