Search

На „Твитер“ потрага по татко и ќерка сликани пред Нотр Дам еден час пред пожарот

На социјалните мрежи во тек е потрага по луѓе фотографирани непосредно до катедрала Нотр Дам минути пред катастрофалниот пожар, објави Би-би-си.

Имено, 23-годишната Брук Виндзор која била во туристичка посета на Париз, направила фотографија на која се фатени, најверојатно, татко и ќерка како играат пред катедралата, само еден час пред избувнувањето на пожарот. Виндзор преку „Твитер“ апелирала да се пронајде таткото со цел неговото семејство за спомен да ја добие фотографијата направена пред да се случи несреќата, пренесува Би-би-си.

„Твитер, ако имаш магија и моќ, помогни му да ја види оваа слика“, пишува Виндзор во објавата на оваа социјална мрежа.

Досега, нејзината објава е споделена повеќе од 100 илјади пати, пренесе агенцијата „Танјуг“.

„Да бев јас на нивно место, би сакала да имам вакво спомен. Се надевам дека и таткото се чувствува како мене“, појаснила Виндзор.

Треба да знаете
Последни објави