Search

На сметките од фудбалските менаџери во 2019 година легнале повќе од 500 милиони фунти

Оваа година за прв пат се случува на сметките од фудбалските менаџери да легнат повеќе од 500 милиони фунти. Податоците од Меѓународната фудбалска федерација и Меѓународниот трансфер систем покажуваат дека во 2019 година потрошени биле 653.9 милиони американски долари како провизија за менаџерите. Тоа е зголемување за дури 19.3% во однос на 2018 година.
Во текот на 2019 година биле направени повеќе од 17.000 трансфери, а дури 3.557 вклучувале барем еден посредник.
Клубовите од Англија, Франција, Германија, Италија, Португалија и Шпанија платиле повеќе од 80% од споменатата сума. Интересно е што англиските клубови во годината кога менаџерите остварија рекордна заработка исплатиле за третина помала провизија во однос на годините претходно.
Англиските клубови за работата на агентите во 2019 година издвоиле 103.6 милиони долари, 33% отколку во годината претходно.

Треба да знаете
Последни објави