Search

На скопските клиники засега донесени три лица

На скопските клиники засега донесени три лица

Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци во близина на Карпалак денеска околу 17 часот, потврди МВР за МИА.

На скопските засега се донесени тројца повредени, од кои двајца потешко, на кичмата и екстремитетите, додека третиот е полесно поврдени, потврди за МИА, директорот на ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани.

Во болницата во Тетово се пренесени две лица, меѓутоа, како што јави дописникот на МИА, директорот нема информации во каква состојба се повредените.

Официјални информации се уште нема за тоа што се случило и дали во сообраќајката има жртви и повредени.

На лице место се упатени протипожарни екипи, амбулатни возила да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Репортерот на МИА, кој е на лице место нагласи дека има над 20 амбулатни возила, но дека во извлекувањето на телата учествуваат и багери и помагаат локални жители.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Од АМСМ информираат сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово и регионалниот пат Тетово-Скопје е во 17 часот.

Според репортерот на МИА, кој е на местото на несреќата се работи за автобус на „Дурмо турс“ од Гостивар, а сообраќајката се случила меѓу Ласкарци и Карпалак.

МИА стапи во контакт со „Дурмо турс“, но вработениот оттаму ни кажа дека засега не може да каже точка бројка на патници во автобусот, кој сообраќал од Скопје кон Гостивар и оти уште ги собираат податоците.

Треба да знаете
Последни објави