Search

На раскрсницата кај Мавровка за еден ден поминале 180.000 автомобили

Македонската престолнина Скопје, во која повеќето од половината регистирани автомобили во државава 517.023, гравитираат во метрополата катадневно, може да се пофали дека е единствената во регионов која располага современ технолошки Центар за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС). Ова одделение на ЈП за Улица и патишта врши мониторинг на состојбата на сообраќајот на улиците во Скопје и со помош на врвната технологија го расчистува сообраќајниот метеж, кој се создава по улиците и раскрсниците во зависност од приливот на возилата.

Екипа на 24 Инфо имаше ексклузивна можност да го посети Центарот и да добие информации поврзани со неговата работа како и со протокот на возила во главниот град.

Ова одделение сместено во „Транспортниот центар“ функционира 24 часа на ден од 2013 година. Со помош на технологијата сообраќајните проблеми ги расчистуваат шестмина сообраќајни инжинери и четворица и ИТ-инжинери, кои во две смени се редовно пред големите тв-екрани и во секој момент набљудуваат што се случува по скопските улици. Човечкиот потенцијал е на располагање од 6 часот наутро па до 22 часот, додека технологијата во текот на ноќните часови самата ги архивира случувањата и евентуалните проблеми,  кои први се решаваат на почетокот од новиот ден.

-ЦУКС има контрола и можност за менаџирање со 92 семафоризирани крстосници, од кои на 45 има поставено и видео надзор. За меѓусебно поврзување на крстосниците, како и нивната конекција со ЦУКС поставена е оптичка мрежа која овозможува пренос на податоци до Центарот и обратно. Со овој Центар се воведува и адаптивна контрола на сообраќајот. Адаптивната контрола функционира преку инсталирани индуктивни јамки на секоја крстосница во сообраќајните ленти, од каде се прибираат податоците за бројот на возилата кои што преминуваат во сите насоки на движење. Овие информации преку интелигентен софтвер за адптивна контрола претходно подесен според статистички параметри ги комбинира динамичките параметри и креира стартегија за однесување  на светлосните сигнали на крстосниците. Во зависност од бројот на возилата кои наидуваат на крстосницата го одредува времетрањето на зеленото светло и тоа искористување е максимално – вели Христо Нанчев, супервизор при одделението на ЦУКС во разговор за 24 ИНФО.

СКОПЈЕ ЕВРОПСКИ ГРАД СПОРЕД ТЕХНОЛОШКАТА РЕГУЛАЦИЈА НА СООБРАЌАЈОТ, АМА И СО (НЕ)КУЛУТУРАТА КАКО ГИ УПРАВУВАМЕ ВОЗИЛАТА

Почнувајќи од Виена, па надолу кон Западен Балкан, Скопје е единствениот град кој може да се пофали со ваков систем за управуавње и контрола на сообраќајот. Вакви надгледни центри имаат Словенија и Хрватска, но само за на автопатиштата, а не и во градовите.

Според ЦУКС, Скопје може да се вброи во европските метрополи, но не и според (не)културата како ги управуваме автомобилите. Тоа секојдневно се евидентира со помош на ит-технологијата, но за среќа сеуште и не се казнува !? До кога ќе се толерираат воочените и документираните прекршоци не се знае. Ако почна да стигнуваат на домашна адреса сите престапи кои ги правиме во денот со нашиот автомобил, мопед, велосипед или како пешаци, сметките ќе бидат поприлично високи.

-Софтверот со која располага ЦУКС е еден од најдобрите  системи за адаптивна контрола во светот. Самиот систем овозможува планирање и корегирање на контролната стратегија на секои три секунди. Системот се адаптира на ситуацијата која се случува во моментот на сообраќајниците и има можност за препознавање на инциденти, како и за активирање на т.н. „зелени улици“ секогаш кога има потреба да се обезбеди приоритет на возилата на брза помош, противпожарна бригада или возила со придружба, појаснува Нанчев.

Ваквата регулација придонесува и за помал застој и со тоа помала емисија на издувни гасови од автомобилите, со што се намалува и загаденоста на амбиенталниот воздух, посебно во зимските денови кога ситуацијата со загадувањето во градот е алармантна. Големиот број на автомобили во градот кои се движат по улиците со овој систем на управување може максимално да го корстат времето за движење, а се помалку да стојат во место. Намалени се и драстично временските загуби за стигнување од една до друга дестинација во градот.

ЗА ПЕТНАЕСЕТМИНУТНО  НЕРАБОТЕЊЕ НА СИГНАЛИЗАЦИЈАТА ПОРАДИ НЕМАЊЕ СТРУЈА ПОТРЕБНИ СЕ ДВА ЧАСА ДА СЕ РАСЧИСТИ НАСТАНАТИОТ СООБРАЌАЕН  МЕТЕЖ

Само како илустрација колку овој технолошки систем го олеснува движењето на автомобилите низ градот луѓето од ЦУКС наведуваат случка во која поради петнаесетминутно немање на електрична енергија и неработењето на сигнализацијата, им било потребно два часа да се расчисти и врати во нормала создадениот сообраќаен метеж. Најкритичните точки во Скопје се раскрсниците кај „Мавровка“,  „Бриколаж“ и „Железничка станица“. Посебно е критично на овие раскрсници наутро од 7 до 9 часот или како што велат луѓето од ЦУКС во „врвниот час“.

-Само пред десетина дена на раскрсницата кај „Мавровка“ во текот на 24-часовниот надзор евидентирано беше дека поминале рекордни 180.000 возила. Сето тоа е реализирано без поголемо закрчувања со помош на технологијата која ни е на располагање. Инаку во текот на денот просечно на влез и излез во Скопје кај „Алкалоид“ се пребројуваат околу 70.000 автомобили, кои потоа вршат притисок на раскрсниците кон и во централното градското подрачје, открива Нанчев.

Од овој центар има и можности учесниците да бида известувани навреме каде да се движат за да ги избегнуваат застоите во сообраќајот преку ВМС дисплеите поставени на неколку локации во градот. На овие дисплеи се апелира и за прилагодување на брзината и почитување на сообраќајните правила и знаци… И за време на зимските услови за одвивање на сообраќајот низ градот, ЦУКС ги надгледува улиците и се упатуваат возилата задолжени за расчистување на снегот од коловизите и оспособување за нормално одвивање на сообраќајот.

 

ПРОЕКТОТ ЗА ЈСП ПРЕДВИДУВА ИНФОРМАЦИИ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ НА СТАНИЦИТЕ КАДЕ Е И ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ ПРИСТИГНЕ АВТОБУСОТ

Во иднина овој Центар очекува и целосна реализација на проектот за воведување систем за автоматска локација на автобусите на ЈСП. Со ова поврзување ќе се овозможи на корисниците на јавниот превоз да знаат кога автобусот тргнува од последнат сатница, каде е во мементот, за колку време ќе стигне до крајната дестинација. За да ги читаат овие податоци на автобуските станици се палнира да бидат поставени специјални дисплеји. Со реализацијата на овој проект се очекува да се намали и времето на патување и времето на чекање за поминување на крстосниците со што дирекно ќе влијае на намалувањето на загадувањето на животната средина од сообраќајот, како и потрошувачката на горивото, а ќе се зголеми комерцијалната брзина во јавниот транспорт.

Драган Николовски

(Фото): Слободан Ѓуриќ

 

 

Треба да знаете
Последни објави