Search

На протестите во Хонг Конг загина студент

Студент од Универзитетот во Хонг Конг, Чау Тс-Лок, кој падна од гаража откако полицијата фрли солзавец за време на судирите со антивладините демонстранти, почина рано утрово.

Болничката управа соопшти дека 22-годишниот студент им подлегнал на повредите, но не наведе дополнителни детали.

Демонстрантите бараат правда за загинатиот студент и обвинија неколку полициски службеници, нарекувајќи ги „убијци”.

– Неговата смрт е потсетник дека не можеме да се откажеме, изјави еден од демонстрантите за локална телевизија.

Треба да знаете
Последни објави