Search

На протестите во Етиопија убиени најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица се убиени во јужниот дел на Етиопија за време на протестите кои уследија по апсењето на локални функционери, а меѓу жртвите има и деца,  потврди денеска етиопската Комисија за човекови права.

Комисијата изрази „длабока загриженост поради постојаното насилство и употребата на прекумерна сила” против демонстрантите.

Локалните активисти рекоа дека веруваат дека бројот на загинатите е уште поголем, односно се убиени најмалку 34 лица и повеќе од 100 повредени.

Станува збор за последниот во серијата немири во врска со политичките реформи на премиерот Аби Ахмед, бидејќи различните заедници бараат поголема автономија во земја со повеќе од 80 етнички групи.

Треба да знаете
Последни објави