Search

На почетокот на летната сезона исчистен патот покрај велешкото рекреативното езеро „Младост”

 По налог на Општина Велес, екипи на ЈКП „Дервен”, денеска го исчистија и измија патот долж езерото Младост, на потегот од хотел Глориус до хотелите Романтик и Бела Вода”.

Како што појаснуваат од Општина Велес, целта на денешната акција  била да се уреди пристапниот пат долж езерото пред стартот на туристичко – капачката сезона. Ова езеро е  посетено посебно во лето од голем број домашни и странски туристи, кои тука поминуваат на пропатување кон и од Грција.

Од Општина Велес и ЈКП „Дервен” апелираат до сите посетители отпадот, особено лименки, конзерви и стакло, кои се многу опасни за капачите и посетителите на езерото, да го фрлаат во поставените контејнери и корпи за отпадоци.

Треба да знаете
Последни објави