Search

На повидок втор филм „Капетан Марвел“

Во тек се преговори за продолжение на блокбастерот „Капетан Марвел“.

Меган Мекдонел, писателка на WandaVision („ВандаВижн“), наводно е во завршна фаза на преговори за потпишување договор за сценариото на филмот што следува, а студиото  Марвел е во потрага по женски режисер за Капетан Марвел 2.

„Холивуд репортер“ цитира извори кои што најавуваат дека филмот најверојатно ќе биде готов во 2022 година, но Ана Боден и Рајан Флек – кои го режираа и заедно го напишаа Капетан Марвел –  овој пат нема да бидат вклучени во проектот. Тие нема да бидат ангажирани за вториот филм во франшизата.

Сепак, двајцата би можеле да го режираат серијалот Дизни плус (Disney+).

Сè уште не се знае кој ќе глуми во продолжението, но Бри Ларсон неодамна призна дека таа и сите актерки од Marvel Cinematic Universe разговарале со Кевин Фиџ во обид да се направи се-женски филм.

Кевин Фиџ, директорот на филмското студио Марвел, неодамна потврди дека првиот трансродов суперхерој на „Марвел студиос“- фабрика за суперхерои во сопственост на Дизни –  ќе се појави многу брзо. Тој откри планови за воведување геј-ликови во Marvel Cinematic Universe и додаде дека претстојниот проект ќе ја претставува транс-заедницата.

Ларсон, или Керол Данверс во „Капетанот Марвел“, рече: „голем број жени од Марвел отидовме кај Кевин и му рековме:„ Ние сме заедно, сакаме да го сториме тоа “. Што значи тоа, немам идеја. Знаете, јас не сум одговорна за иднината на Марвел, но тоа е нешто за што навистина сме страсни.“

 

Треба да знаете
Последни објави