Search

На патот Куманово-Крива Паланка: Мигранти скокале од камионот во кој се шверцувале за да не се задушат

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.Т.(27) од село Кутретино, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 28.06.2020 во 00.01 часот, по претходна телефонска дојава дека на пат Куманово – Крива Паланка, кај место викано „Ливаде“ биле забележани две товарни возила од кои излегле мигранти, од полициските службеници биле пронајдени двајца повредени мигранти од Пакистан и Бангладеш, кои биле пренесени во Општа болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Притоа, еден од нив се здобил со тешки телесни повреди, додека вториот мигрант се здобил со телесни повреди.

Во врска со случајот, на место викано  „Четал“, во Страцин, од полициски службеници било запрено товарно возило со полуприколка, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека тој со товарното возило прифаќал и превезувал мигранти, но поради недостаток на воздух во него, мигранитите биле принудени да скокнат од возилото додека било во движење.

Од страна на судија на претходна постапка, на пријавениот  му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што истиот бил спроведен во КПУ „Затвор Скопје“.

Треба да знаете
Последни објави