Search

На патот Велес-Згрополци кај месноста „Црн камен” 18 годишник излетал од патот се здобил со телесни повреди

На патот Велес – Згрополци, во близина на место викано „Црн камен”, вчера во 18,40 минути патничко моторно возило „сеат леон” со велешки регистарски ознаки управувано од 18-годишниот  Х.Н. од Велес излетало од патот.

Како што информираат од СВР Велес, возачот се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница – Велес за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес.

Како што информираат од СВР Велес вчера  во 19.50 минути во СВР Велес, 42-годишниот С.И. од село Дорутовец пријавил дека во 19.40 минути во казино бил физички нападнат од М.Т. вработен како обезбедување.

Полицијата  превзема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави