Search

На Охридскиот Аеродром уапсено лице од Косово со шведски документи барано од Интерпол

На Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле”во Охрид, вчера во 10:30 часот при извршена контрола на лицето Ф.К.(57) од Косово, со шведска патна исправа, било утврдено дека се наоѓа на листата со мерка „Апси” и е предмет на меѓународна потрага од Интерпол. Тој бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави