Search

На Нејмар му се заканува казна од седум натпреаври неиграње

Напаѓачот на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен, Нејмар може да добие казна до седум натпреаври неиграње,  заради однесувањето на натпреварот од 3. коло против Марсеј (0:1), објави „РМЦ Спорт”.

На крајот од натпреварот дојде до расправија меѓу играчите, како резултат на што неколку играчи добија црвени картони, меѓу кои и Нејмар.

По натпреварот, Бразилецот ги обвини своите противници за расизам.

При разгледување на овој случај, Дисциплинскиот комитет на Француската професионална фудбалска лига ќе се потпре на регулативата на Француската фудбалска федерација, која предвидува дисквалификација од четири до седум натпревари за такво однесување. Одлуката за тоа колкава казна ќе добие ѕвездата на ПСЖ ќе биде донесена в среда.

Треба да знаете
Последни објави