Search

На Меркел ѝ се заканува политички крај, смета австрискиот заменик-канцелар

Австрискиот заменик-канцелар Хајнц Кристијан Штрахе оцени дека внатрешно-германскиот спор околу мерките кон барателите на азил би можел да значи политички крај за германската канцеларка Меркел.

Тој во емисија на австриска државна телевизија , изјави дека позициите на Ангела Меркел се драстично ослабени поради спорот.

„Гледаме дека кај германската јавност расте незадоволството од политиките на германската канцеларка. Ако нема промена во ставот, ова би можело да биде нејзин политички крај“, предупреди Штрахе.

Критикувајќи ја политиката на „добредојде за мигрантите“ која ја има Меркел, Штрахе нагласи дека сè повеќе Европејци го поддржуваат ставот на австриската Партија на слободата (FPO) дека миграцијата мора да се запре на надоврешните граници на ЕУ.

Тој исто така изрази целосно разбирање за ставот на германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, кој се залага за враќање на илиегалните мигранти коi веќе се регистрирале во една од другите земји на ЕУ.

„Неопходно е да се стави крај на досегашната погрешна политика на ЕУ и да се создаде притисок со цел да се постигне европско решение. Во спротивно, ќе треба да се грижиме луѓето кои веќе еднаш се одбиени, да не дојдат повторно во Германија“, додава Штрахе.

Доколку Германија почне да враќа мигранти, Австрија ќе ја примени истата мерка, појасни тој.

Неопходно е да се каже „стоп“ и да се воспостават центри за прифаќање надвор од границите на ЕУ, смета австрискиот заменик-канцелар.

Треба да знаете
Последни објави