Search

На Мелинда ѝ пречело пријателството на Бил со педофилот Џефри Епстин

Според најновите информации кои излегоа во американските медиуми, брачниот пар Гејтс не се разделува пријателски, а наводно Мелинда со години му била лута на Бил поради неговото зближување со педофилот Џефри Епстин.
Мелинда Гејтс била вознемирена од односот помеѓу нејзиниот сопруг и Епстин. Имено, неа сè уште ја прогонува состанокот што двајцата го имале со Епстин во 2013 година и никогаш не можела да го преболи пријателството со тој човек.
Двојката се сретна со Епстин во Њујорк во неговата палата на Апер Ист Сајд во септември 2013 година. Изворите велат дека кратко време по состанокот Мелинда Гејтс им раскажала на пријателите за нејзините непријатности за време на тој состанок. Неколкумина блиски до парот, наводно, рекле дека таа била „бесна“ поради пријателството на нејзиниот сопруг со Епстин, пишува Insider.
Пријателството на Гејтс со Епстин првпат го објави The New York Times кон крајот на 2019 година по самоубиството на Епстин во казнено-поправниот дом „Метрополитен“ во Њујорк, каде го чекаше судењето по ново обвинение за сексуална трговија со девојчиња и жени.
Гејтс беше меѓу многуте високи личности кои се соочија со реакции поради пријателство со него по апсењето во јули 2019 година, но меѓу милијардерите, политичарите и кралевите кои се дружеа со Епштајн.
Гејтс, од друга страна, го започна своето пријателство со Епстин откако беше осуден за сексуални злосторства.

Преземено од Пулс24

Треба да знаете
Последни објави