Search

На Лејди Гага ѝ ги украле кучињата, пејачката нуди половина милион долари за нив

Двајца напаѓачи го нападнале човекот кој ги чува кучињата на американската пејачка Лејди Гага. Напаѓачите испукале четири куршуми во неговите гради и ги украле кучињата.

Кога пристигнала полицијата Рајан Фишер бил свесен, но едвај дишел. Тој бил пренесен во болница во критична состојба.

Според ТМЗ, едно куче успеало избега, додека преостанатите две биле украдени.

Фишер ги шетал кучињата на Лејди Гага затоа што таа моментално е во Италија, а неименуван извор изјави дека пејачката е многу вознемирена, како и дека нуди половина милион долари доколку киднаперите ги вратат нејзините миленици.

Полицијата ги опиша напаѓачите како двајца Афроамериканци во бел автомобил БМВ, а со оглед на тоа што украдените кучиња биле француски булдози, многу е можно да имаат намера да ги препродадат.

Треба да знаете
Последни објави