Search

На Кољо не му е по кеиф зошто Нинџа добил 8, а тој 15 години затвор

Судечкиот совет ги раздели нераздвојните пријатели Никола Митевски Кољо и Александар василевски Нинџа, иако двајцата во бегство по 27 Април, Нинџа доби 8, а Кољо 15 години затвор.
Обвинителството за двајцата побара да им биде продололжен притворот.
– Не барам да ми се укине притворот бидејќи сам се пријавив и двата пати. За едно исто кривично дело, за еден шамар добив 12 месеци притвор, а други се амнестирани. На оваа пресуда некој да добие под минумот, а некој повеќе ќе се жалам. Притвор 12 месеци ќе чекам и Апелација и Врховен не барам да ми го укинете притворот, рече Кољо.
Неговиот адвокат, сепак, рече дека има пресуда на Европскиот суд за човекови права а тоа е дека не може да се суди колективно и да се бара притвор за сите.
-Зошто и после 30 години не се почитива ништо, ниту праксата ниту членот 5 од оваа Конвенција која вели презумцијата на слободата е појака од презумцијата на притворот. Висината на казната е еден од факторите но не е одлучувачки фактор. За жал ниту судовите ниту ЈО не ги почитува. За мојот клиент самиот се предафе, самиот отиде во притвор, има сопруга, има болно дете, но за жал некој ниту го цени тоа нити ќе го цени. Фактот е што сите отидоа во куќен притвор, посебно амнестираните, а Никола остана во притвор, рече адвокатот.
Адвокатот на Нинџа,  Звонко Давидовиќ, рече дека неговиот клиент беше единствен кој јасно кажал што се случило и добил казна под законскиот минимум.
-Предлагам мерката притвор да му се замени со куќен притвпр затоа што обвинителството не даде ниту еден доказ ниту сомневање дека ќе се даде во бегство, рече Давидовиќ.
Нинџа додаде дека ако Судечкиот совет му ја ублажи мерката во куќен притвор нема да бега.
Даниела Вељановска
Фото: Слободан Ѓуриќ
Треба да знаете
Последни објави