Search

На Косово му се заканува суспензија од ФИФА и УЕФА

Од битката за превласт во Фудбалската федерација на Косово, може да профитира македонската фудбалска репрезенатција која на 26 март идната година треба да одигра полуфинален натпреавр од Лигата на нации како домаќин со оваа селекција, за пополнување на едно од сеуште четирите испразнити места на завршницата од јубилејниот ЕП-2020. Според медиумите кај соседот политичките партии од Косово сакаат да го сменат актуелниот претседател, Агим Адеми. Тое нема да го дозволат ФИФА и УЕФА. Ако се случи такво нешто, тогаш сигурно ќе реагираат ФИФА и УЕФА кои се декларираат дека имаат ригорозен однос кон мешањето на политиката во спортот. Ваквиот епилог може да го чини Косово казна неиграње на натпреварувањата организирани од овие асоциации од две до пет години.

Тоа би значело дека Македонија без борба ќе го добие полуфиналниот меч од Лигата на нациите и ќе може да се подготвува за финалето со подбриот од дуелот Грузија-Белорусија кој ќе се игра на теренот на прптивникот. За победникот во Д сегментот од Лигата на нациите обезбедено е место на завршницата на ЕП-2020.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави