Search

На Кацарска и требаа два часа да каже дека сите осудени за „27 Април“ одат во притвор

По пауза од два часа судијката Добрила Кацарска ги донесе одлуките за мерката притвор на барање на обвинителството.
Според неа, на Митко Чавков му се продолжува мерката притвор, а на Душко Лазаров, Оливер Радулов, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов им се одредува притвор до правосилноста на пресудата. Со решението на судот на Мумир Пепиќ му се укинува куќниот притвор и добива притвор, исто како и за Абдулфета Алими.
На Младен Додевски, Јане Ченто, Горначо  Ќосе, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски Кољо и на Александар Василевски Нинџа им  се продолжува притворот до правосилност на пресудата.
Осудени се за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.  Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.
Даниела Вељановска
Треба да знаете
Последни објави