Search

На каталонските сепаратисти им се заканува 15-годишна затворска казна

Врховниот суд на Шпанија планира да ги казни лидерите на каталонските сепаратисти на максимумални 15 години затвор за организирањето на неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Водачите ќе бидат осудени по обвиненија за бунт и злоупотреба на јавните средства, но не и за построги обвиненија за предавство, изјави денеска неименуван извор од судот, пренесува Танјуг.

Пресудата се очекува да биде објавена следната недела, најверојатно в понеделник.

Треба да знаете
Последни објави