Search

На КАРИЛ почина 24-годишна девојка од свински грип

На КАРИЛ починала 24-годишна девојка поради компликации од сезонскиот грип. Пациентка била со Даунов синдром.

Ова е втора жртва во само два дена која починала поради компликации од грип. Вчера на Детската клиника почина петгодишно девојче, исто поради компликации настанати поради грипот.

Вирусот инфлуенца А во Македонија не беше присутен три години.

Од Министерство за здравство информираат дека се очекува бројот на заболени да расте, а лекот „тамифлу“ го има во доволни количини.

Треба да знаете
Последни објави