Search

На Канје Вест не му се допаѓа идејата Ким јавно да говори за крајот на бракот

Канје Вест не е воодушевен што неговиот развод со Ким Кардашијан Вест ќе биде тема на реалити-шоу, пренесуваат таблоидите.

Ким, звездата на „Дружење со семејството Кардашијан“ наводно ќе разговара за крајот на нејзиниот брак во последната серија на семејното шоу, а раперот не е импресиониран.

Неименуван извор изјави за списанието „Ју-ес викли“: “Тој не е нималку одушевен. Таа ќе продолжи да се фокусира на својата бизнис империја. Ким одеше на индивидуално советување и сега смирено размислува за следните чекори во нејзиниот живот”.

Минатата недела, порталот „Пејџ сикс“ објави дека претстојната серија на „КУВТК“  ќе содржи сцени во кои Ким се отвора за нејзиниот шестгодишен брак со раперот и што ги натерало тие да одлучат да го прекинат бракот.

“Кардашијанови имаат намера да излезат јавно, во нивни стил. Тие ја снимија Ким како разговара за своите брачни проблеми,“ рече извор за порталот.

Треба да знаете
Последни објави