Search

На Инфективна клиника не се ставаат пациенти на респиратор

Клиниката за инфективни болести го промени начинот на лекување на пациентите, а со новиот пристап најголем број од пациентите со ковид-19 не се ставаат на апарати за дишење. Искуството на нашите лекари, но и она што е искуство во светски размери е дека интубирањето и ставањето на апарат за вештачко дишење не дава резултати во лекувањето на болните од ковид-19.

– Го променивме пристапот бидејќи сфативме дека и покрај ставањето на апарати за дишење ги губиме пациентите. Неуспесите беа повеќе од евидентни пред се заради специфичната патофизиологија на болеста и нејзината непредвидливост. Се покажа дека апаратот за вентилирање најчесто не помага кај пациентите со ковид-19. Во таа насока одат и светските искуства. Наместо на апарати за дишење пациентите се ставаат на неинванзивна вентилација со помош на маски. Овој начин на третман бара и уште поголем ангажман на здравствениот персонал бидејќи здравствената состојба на пациентот треба да се следи од минута во минута и да се реагираа со соодветна терапија доколку настане промена – вели Милена Стевановиќ директор на Клиниката за инфективни болестиза Слободен Печат .

Таа објаснува дека за промена на пристапот во лекување се координирале и со анестезиолозите од КАРИЛ кои имаат поголемо искуство во лекување на пациентите во тешка состојба.

– Искуството покажува дека со овие пациенти најчесто подобро е да се прави се друго за да се одржи пациентот и да не се става на апарати  – вели Стевановиќ.

Треба да знаете
Последни објави