Search

На изборите за претседател на Хрватска 12 кандидати

Вкупно 12 потенцијални кандидати  за претседател на Република Хрватска ги предадоа своите кандидатури во Државната изборна комисија (ДИК).

Комисијата сега има рок од 48 часа да ги прифати и да го објави списокот на кандидати за претседател. Тоа мора да го стори најдоцна до четврток на полноќ, но може и порано.

Кога ДИК ќе го објави тој список и официјално ќе започне изборната кампања, која ќе биде релативно кратка и ќе заврши на полноќ на 20 декември.

Кандидатури поднесоа актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешниот премиер од Социјалдемократската партија (СДП) Зоран Милановиќ, пејачот Мирослав Шкоро, европратеникот Мислав Колакушиќ, економистот Дејан Ковач, поранешниот десничар и сега лидер на партијата Десно, Анто Џапиќ…

Од кандидатурата се откажа независниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ, кој собра нешто повеќе од 8.000 потписи од потребните 10.000.

Претседателката Грабар – Китаровиќ во изборната кампања влегува со најголем број потписи за поддршка 232.000, што е сепак 100.000 помалку од пред пет години. Од сите кандидати заедно, таа собра околу 30.000 потписи помалку.

Шестите претседателски избори ќе се одржат во недела, на 22 декември.

Треба да знаете
Последни објави