Search

На изборите во 2020 година Доналд Трамп повторно ќе се трка заедно со Мајк Пенс

 Американскиот претседател ќе учествува и на претседатеските избори во 2020 година, заедно со Мајк Пенс како негов кандидат за потпретседател, изјави Доналд Трамп во интервју за телевизијата Фокс њуз.
-Тој е мој многу близок човек. Тој е мој пријател, рече Трамп, забележувајќи дека Пенс „врши фантастична работа”.

Националниот конгрес на републиканската партија, на кој Трамп и Пенс треба да бидат одобрени за кандидати за претседател и потпретседател, ќе се одржи од 24 до 27 август 2020 година во Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина.

Претседателските избори во САД ќе се оддржат на 3 ноември 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави