Search

На жена болна од коронавирус и` дал вештачко дишење и и` го спасил животот

Сенад Даутовиќ од Нови Пазар без ронка размислување и` помогна на жена која престанала да дише иако знаел дека е заразена со коронавирус. И, за среќа, не се инфицирал, но жената починала по 15 дена.

Даутовиќ, кој како волонтер му помагал на персоналот во Општата болница во Нови Пазар, направи вистински подвиг кога на жената, која била позитивна на ковид-19, во просториите на болницата со вештачко дишење и` го спасил животот.

„ Звук од санитетската сирена најави дека стигнал уште еден пациент во критична состојба. Ја презедовме жената, која тешко дишеше. Додека стигнавме до ходникот на спратот, таа престана да дише. Се работеше за секунди кои одлучуваа за живот или смрт. Колегата почна да ги вика лекарите, одлуката ја донесов во секунда, почнав на жената да и` давам вештачко дишење. Немав време да размислувам за своето здравје, ниту за можни последици“ раскажува Сенад и дополни дека подоцна морал да се тестира за коронавирус и за среќа тестовите покажале дека е негативен.

Тој бил меѓу педесетина волонтери кои за време на најкритичните денови на епидемијата помагале на персоналот на болницата.

Треба да знаете
Последни објави