Search

На децата давајте им помалку шеќер

На децата треба да им се дава што помалку шеќер и што повеќе овошје, се вели во истражуавање на Кралскиот колеџ за педијатрија во Британија.

Количината шеќер во храна за бебиња треба да се намали, а родителите треба да им дадат на мали деца повеќе зеленчук за да го спречат развојот на желба за слатки, се наведува во студија од здравствени експерти.

Истражувањето покажува дека бебешка храна на која пишува „без додаток на шеќер” често содржи шеќер, мед или овошен сок.

Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје вели дека родителите исто така треба да понудат горчливи вкусови бидејќи ќе ги заштитат со тоа децата од расипување на забите, лоша исхрана и прекумерна тежина. Во анализата се додава дека Владата треба да воведе обврзни граници за количина на шеќер, вклучително и шеќер во детска храна.

Треба да знаете
Последни објави