Search

На денот на вљубените доделен автомобил од инстант лозови подарени на свадба

Млад брачен пар од Битола од денеска ќе вози автомобил MINI ONЕ  кој го доби од инстант лозот Мини Макси.

Лилјана и Илија Ванчовски, се верни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија, среќните добитници чија свадбена прослава се одржала на 25ти октомври, на свадбената покана напишале дека наместо цвеќе и бонбониери би сакале да добијат инстант лозови. Од многуте коверти со инстант лозови кои се специјално дизајнирани и наменети за ваков вид на прослави имале помали добивки за кои на продажното место Димпо во Битола, направиле замена исклучиво со инстант лозот Мини и Макси посакувајќи еден од атрактивните автомобили.

Треба да знаете
Последни објави