Search

На Давитков му завршил договорот и селекторската функција во КФСМ

 

Најдобрата македонска кошаркарска репрезенатција ќе добие нов селектор. Раководството на КФСМ официјално потврди дека соработката со досегашниот предводник на „црвено-жолтите“  Јорданчо Давитков е завршена.

-На Давитков му заврши договорот. Имавме состанок со Давитков, го почитуваме него и неговата работа. Наскоро ќе биде познато кој ќе биде неговиот наследник – соопшти Перо Антиќ првиот човек на КФСМ на средбата со новинарите.

Во спортските кругови се споменуваат имиња кои од КФСМ ниту се демантираат ниту се потврдуваат како кандидати. Се потенцира дека репрезентацијата ќе добие домашен селектор со итернационално исксутво.

На средбата челниците на КФСМ не пропуштија да им честитаат на одбојкарите за прикажаните игри и постигнатитиот резултат на завршницата од ЕП во Словенија и да појаснат за неодамнешниот проблем кој оваа селкција го имаше околу салата СРЦ „Кале“ која оваа асоцијација сега ја има на  располагање 24 часа за своите потреби.

-Имаше соработка меѓу КФСМ и одбојкарите. Им честитаме за постигантите резултати. Ние ја превземевме салата и го добивме распоредот со термините за текот на целото лето. Не знаеме како бил направен. Одобојкарите ги немаше. Дојде КМФ Шкупи играше претквалифиакции, за да после излезе дека одбојкарите два дена претходно треба да имаат турнир. Тоше се заложи за салата во Градскиот парк. Никој не е избркан. Настана недоразбирање – појасни Влатко Георгиевски генералниот секретар на КФСМ.

Треба да знаете
Последни објави